Егзодусот на фудбалери од Саудиска Арабија продолжува со еден од првите играчи кои пристигнаа на Блискиот Исток. Португалскиот интернационалец Жота, кој минатото лето за 30 милиони евра се пресели од Селтик во Ал-Итихад, сега не е задоволен од својот статус во клубот и сака да си оди.
Жота веќе има најдено нов клуб и се шпекулира дека уште зимава ќе се пресели во Вест хем, што би значело враќање на Островот. Според англиските медиуми, клубовите веќе ги имаат договорено сите детали, но во моментов не се познати за јавноста.