Бензема побара од ФИФА да добие дозвола да игра за – Република Ирска!

Францускиот фудбалер од Реал Мадрид, Карим Бензема, официјално аплицирал до Светската фудбалска федерација ФИФА, да добивање на специјална дозвола во иднина да настапува за репрезентацијата на Република Ирска.

Таткото на Бензема е од Алжир, а мајка му е од градот Мулингар во Ирска. Карим играше за Франција до 2015 година, кога беше отпишан поради уцени кон соиграчот Матје Валбуена. Ако остане без француското државјанство, ѕвездата на Реал кој игра во одлична форма, можеби и ќе добие дозвола да игра за Ирска.

„Би било остварување на сон ако играм за Ирска. Се сеќавам дека како дете секое лето престојував во Мулингар, каде се пееја анти-англиски песни и се пиеше виски до паѓање во несвест. Тоа беше одлично искуство за шестгодишно дете“ – вели во шега Бензема кој иако играше за Франција, никогаш не ја пееше француската химна и алжирската „жичка“ му беше многу силна.

Бензема се осврна и на ирските жени.

„Ирките се убави, мислам на внатрешната убавина. Што се однесува до надворешноста, тие се без заби, ржат, под крзното и бледата кожа, имаат лице со пеги и црвена коса. Имаат срце од 24-каратно злато. Ќе треба да си го поправам говорот на ирскиот акцент“ – додаде Бензема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести