Бензема пред легендарниот Пушкаш, сега е петти најдобар стрелец во Реал (видео)

Карим Бензема со индивидуален рекорд го круниса вчерашниот убедлив триумф на Реал Мадрид против Валенсија. Со неговиот магичен погодок во финишот за конечни 3-0 стана петти најдобар стрелец во клупската историја со вкупно 243 погодици, надминувајќи го легендарниот Ференц Пушкаш.

https://twitter.com/OptaJose/status/1273735366210658306

Францускиот голгетер прво во 61-вата минута се израмни со иконата на Кралевите, па за вкупно 16-ти гол за оваа сезона во шпанското првенство ја изведе мајсторијата по асистанција на Асенсио. Искусниот напаѓач веќе 11 години го носи дресот на Реал со повеќе од 500 настапи, а рекордот му донесе влез во одбрано друштво.

Бензема е само четврти фудбалер на Кралевите со 20 или повеќе погодоци во осум последователни сезони, по Алфредо ди Стефано, Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо.

https://twitter.com/fsgoaltv/status/1273735139244343296

- Оглас -

Најнови вести