Бензема промаши пенал, па Ал-Итихад доживеа дебакл на СКП (Видео)

Домаќинот на Светското клупско првенство, екипата на Ал-Итихад од Саудиска Арабија е елиминирана од шампионатот, откако вечерва доживеа убедлив пораз од шампионот на Африка, Ал-Ахли од Египет, со 3-1.

Египќаните дојдоа во водство преку Малул во 21-вата минута од пенал, а мечот можеше да има сосема поинаков тек доколку Карим Бензема успееше да го реализира пеналот во 45-тата минута.

Во второто полувреме Ал-Ахли со два гола само ја потврди победата и си закажа полуфинален дуел со шампионот на Јужна Америка, Флуминенсе од Бразил. Она што не успеа да го направи во првото полувреме од пенал, Бензема го направи во 92-рата минута, но само да го намали водството на противникот и да ги постави конечните 3-1 за Ал-Ахли на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести