Бензема се врати со чуден меч – Шутираше три пенали, погоди два за победа на Реал Мадрид

Карим Бензема се врати на терен во дресот на Реал Мадрид во чуден меч против Селта, на кој најдобриот стрелец во Шпанија шутираше дури три пенали и погоди двапати, сосема доволно за победа на лидерот од 2:1.

Бензема погоди во 19. минута од белата точка, па потоа Селта израмни со погодокот на Нолито во 53. минута, па пак следа два пенали за гостите од Мадрид.

Повторно шутираше Карим и во 64. минута не успеа, откако голманот на Селта Дитуро го прочита и му одбрани.

Но, најдобриот стрелец во Ла Лига пак доби шанса да бие од белата точка во 69. минута и погоди, со што сега има погодено 18 од вкупно 20 пенали во последните пет години.

Бензема си го урна и сопствениот рекорд и сега веќе има постигнато 34 гола сезонава во сите натпреварувања, а досега рекордот му беше од пред 10 години, исто како играчна Реал со 32 погодоци.

Дитуро е првиот голман што успеал да му одбрани пенал на Бензема како играч на Реал, но и подвигот на Аргентинецот не и помогна на Селта да избегне пораз.

Реал остана на врвот, сега со 69 бода, 12 повеќе од Севилја со меч повеќе. Селта е 11-та со 36 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести