Бербатов: Кога ќе видам каде е Манчестер на табелата се чувствувам како го*но

Димитар Бербаров во периодот од 2008 до 2012 година го носеше дресот на Манчестер јунајтед. Во тие четири сезони, Бербатов се израдува на две титули во Премиер лигата, две во ФА Купот и по еден трофеј во Лига купот и Светското клупско првенство. За разлика од тие сезони кога Манчестер беше во трка за сите трофеи, сезонава тимот игра очајно.

По девет одиграни кола, Манчестер е на 14 место на табелата и има само два бода помалку од екипите кои се во зоната за испаѓање.

„Сите знаеме каде се наоѓа Манчестер во моментов и можам да ви кажам дека сигурно никој не сака да ги гледа таму. Се чувствувам како го*но кога гледам кај се на табелата. Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и вистинска лудост е да се гледа во долниот дел од табелата. Фудбалерите треба да направат нешто за тоа да се смени. Не смее да дозволат да продолжат да играат како досега. Мора да играат многу поагресивно и да го нападнат противникот“, вели Бербатов.

Манчестер утре игра на гости против Норич, тим кој е на 19 место на табелата и секако тоа е добра можност за црвените ѓаволи да атакуваат на првата гостинска победа сезонава во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести