Бербатов: Кошмарно е ако првак биде Сити или Ливерпул

Поранешниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов, како поранешен играч на Манчестер јунајтед, вели дека воопшто не му се допаѓа што шампионската титула во Премиерлигата ќе ја освои некој од најлутите ривали на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед со новиот тренер Оле Гунар Солскјер е во убава победничка серија, но далеку е од врвот, бидејќи загуби многу бодови во времето додека на клупата беше Жозе Мурињо. Кој и да биде првак, фановите на Јунајтед нема да бидат среќни, а истото се однесува и на Бербатов.

„Шампионска титула за Ливерпул или Сити е кошмарно сценарио за сите навивачи на Јунајтед, и не би можел да изберам кого ги претпочитал од тие два клуба. Во оваа сезона, навиваме за Тотенхем во трката за титулата, но реалноста е дека Сити и Ливерпул играат добар фудбал и тоа треба да се почитува. Можеби Тотенхем е аутсајдер во трката, но уште е со шанси. Ако Тотенхем биде првак, тоа би било шок на годината, како Лестер пред неколку години. Титула на Тотенхем би радувало многумина, но не и навивачите на Челзи, Арсенал и Вест Хем“ – изјави Бугаринот.

- Оглас -

Најнови вести