Бербатов не им верува на своите „црвени ѓаволи“: Манчестер јунајтед нема шанси за титулата

Димитар Бербатов прогнозира дека во Англија нема да има промени во однос на ланската сезона, кога се работи за врвот на табелата. Типува дека Манчестер сити повторно ќе биде првак пред Ливерпул, а според него Манчестер јунајтед повторно нема да биде дел од квартетот најдобри екипи во Премиерлигата.

„Како поранешен играч на Манчестер јунајтед жал ми е што ќе кажам, но Манчестер сити повторно ќе биде првак на Англија. Тоа е вистината и одраз на квалитетот на екипите во Премиерлигата. Зад нив повторно ќе биде Ливерпул, а во квартетот најдобри ќе има место и за уште еден мој поранешен клуб Тотенхем и за Челси. Зад нив ќе бидат Арсенал и Манчестер јунајтед. Се надевам дека ќе видиме и некоја друга екипа што ќе ја разбие големата шестка, пред се Вулверхемптон“, вели Бербатов.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на бугарскиот фудбал играше за Тотенхем од 2006 до 2008 година, а потоа се пресели на „Олд Трафорд“ и играше четири години за Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести