Дуелот на Херта и Унион се пресели на улиците

Херта и Унион Берлин вечерва ќе го играат градското дерби од Бундеслигата и штета што нема да има публика бидејќи навивачите веќе почнаа да го „играат“ своето дерби по улиците на главниот град на Германија. Низ Берлин има еден куп сообраќајни знаци, бандери, автобуски постојки и други објекти кои се изналепени со навивачки налепници на двата клуба.

Олимпискиот стадион вечерва ќе биде празен, навивачите ќе мора на телевизија да го гледаат натпреварот, но фудбалерите велат дека сакаат да победат бидејќи знаат колку овој триумф би им значел на фановите. Во нормални околности, дербито ќе се играше на 21 март пред 75.000 навивачи, а ако е за утеха, со играњето без публика барем ќе нема инциденти како есеноска, кога дуелот беше прекинуван поради фрлање факли на теренот. Тогаш имаше 1.100 полицајци, но постојано имаше обиди за физичка пресметка.

Унион победи со 1-0 со гол од пенал во последна минута, сега на потег е Херта.

- Оглас -

Најнови вести