Бернардо Силва брутално ги навреди навивачите на Ливерпул (Фото)

Фудбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва, со навредливи зборови на „Твитер“ им одговори на навивачите на ривалот Ливерпул кои им фаќаа сеир на Граѓаните по испаѓањето од Лигата на шампионите уште во четвртфиналната фаза, и тоа од Лион, кој важеше за аутсајдер во нивната меѓусебна пресметка.

Португалското крило им порача на фановите на Црвените наместо да се замараат со Сити, да прават нешто попаметно, како на пример: да си фатат девојки.

„До сите навивачи на Ливерпул кои немаат друга работа освен да објавуваат пораки на профилот на играч на Манчестер сити: сакам да ви кажам дека ми е жал за вас, патетични сте. Славете си ги вашите титули или пробајте да си најдете партнерки, пијте пиво со пријателите, читајте книги, имате многу опции“, напиша Силва, кој сигурно нема да биде убаво пречекан кога ќе гостува на „Енфилд“ со публика на трибините.

- Оглас -

Најнови вести