Бернардо Силва е подготвен на сè за да си го оствари сонот и да заигра за Барселона

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва, сака следната сезона да игра за Барселона и поради тоа му нареди не неговиот агент Жорге Мендеш, да ги запре преговорите со сите останати екипи и да работи на остварување на неговата желба.

И претседателот и тренерот на Барселона, Жоан Лапорта и Чави Ернандес, го сакаат Бернардо Силва во тимот, но проблем за каталонскиот клуб претставува финансискиот фер-плеј.

Барселона мора да продаде барем една ѕвезда за да може да започне преговори со Манчестер сити кој бара најмалку 80 милиони евра за Португалецот.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Лапорта мора да се откаже или од Осман Дембеле или од Рафиња. Од можната продажба на Дембеле или Рафиња, Барселона може да добие околу 70 милиони евра, а покрај тоа неопходно е да се ослободи од Франк Кеси за кого очекува да инкасира околу 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести