Бернардо Силва откри за кои два клуба никогаш не би играл

Португалскиот ас Бернардо Силва откри дека голема желба му е да се врати во својот матичен клуб Бенфика, па некако и природно делува другиот дел од неговата изјава дека никогаш не би заиграл за Порто или Спортинг, кои се ривали на лисабонските Орли.

Силва од 2017 година е во Манчестер сити, таму дојде од Монако, договорот со Граѓаните му е до 2026 година, а на почетокот на кариерата беше во Бенфика, но не се изнаигра и жали што многу млад си заминал.

„Ако ме сака Бенфика, тој трансфер ќе се реализира. Во никој случај не би заминал во ривалите на Бенфика, недостапен сум за Порто и Спортинг“, вели Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести