Бернардо Силва потпиша нов договор со Манчестер сити

Бернардо Силва, фудбалерот за врска на Манчестер сити, потпиша нов договор со англискиот првак според кој ќе се задржи на „Етихад“ до 2025 година. Португалскиот репрезентативец само по една и пол сезона од неговото доаѓање од Монако, заслужено доби обнова на соработката, а според новиот договор, Силва ќе заработува 150.000 фунти неделно.

„Пресреќен сум што ја обновив соработката со Сити. Тука имам сè што ми треба, клуб со големи амбиции и не би сакал да бидам на друго место. Без колебање се согласив на нов договор. Го сакам Сити, како и тренерот, но и фантастичните навивачи кои секогаш се тука за нас. Филозофијата која ја негува Гвардиола многу ми одговара, искрено, ме возбудува начинот на којшто остваруваме победи. Овој клуб ми нуди најдобри услови за да направам богата кариера, полна со трофеи“, истакна Силва за официјалната веб-страница на англискиот првак.

Силва е еден од клучните играчи во тимот на Пеп Гвардиола, шпанскиот стратег многу се потпира на него. Португалецот во изминативе две сезони има најмногу настапи во светлосиниот дрес, а уште во дебитантската сезона на Островот стигна до двојна круна освојувајќи ги Лига Купот и титулата во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести