Беса го официјализираше Берат Имери како нов тренер

Беса Добридол и официјално доби нов тренер, на местото на Александар Таневски седнува Берат Имери кој ја водеше Воска спорт во сезоната 2022/2023 година и успеа да се избори за место во прва лига.

Имери има работено и во младинскиот тим на Шкендија со кој играше во младинската Лига на шампиони. На клупата на Беса, Имери ќе дебитира во лигашкиот натпревар против Вардар.

„Разговорот со претседателот на клубот беше многу краток, желбата беше обострана да станам тренер на Беса. Верувам дека работите ќе одат добро. Ќе се обидеме помалку да зборуваме, а што повеќе да работиме за да постигнеме најдобри резултати“, е првата реакција на Имери како тренер на Беса.

- Оглас -

Најнови вести