Беса и Пелистер со сигурни победи, мешаница на дното во Втората лига

Водечките екипи на Беса и Пелистер забележаа сигурни и убедливи победи на домашен терен и се многу блиску до промоција во повисок ранг, откако екипите на Детонит Плачковица и Арсими кикснаа ова коло.

Лидерот Беса со 3-0 беше убедлив на домашен терен над Караорман, додека Пелистер со 3-1 го совлада Вардар од Неготино. Третопласираниот Детонит Плачковица загуби со 1-0 на гостувањето во Куманово, од Башкими, додека Арсими одигра само 1-1 на домашен терен против Скопје.

Вистинска мешаница се случува на дното од табелата, каде загрозени се сите екипи од осмопласираниот Вардар па надолу. Во овој дел од табелата, значајни победи забележаа екипите на Победа и Осогово, кои на домашен терен славеа над директните конкуренти за опстанок, Саса и Новаци.

Резултати:

Охрид – Беласица 2-1
Осогово – Новаци 1-0
Победа – Саса 2-1
Башкими – Детонит П. 1-0
Тетекс – Кожуф 1-1
Беса – Караорман 3-0
Пелистер – Вардар Н. 3-1
Арсими – Скопје 1-1

Табела: 1. Беса 57, 2. Пелистер 51, 3. Детонит 45, 4. Арсими 40, 5. Охрид 36, 6. Скопје 35, 7. Башкими 34, 8. Вардар Н. 28, 9. Беласица 27, 10. Кожуф 25, 11. Новаци 24, 12. Победа 22, 13. Тетекс 21, 14. Осогово 20, 15. Караорман 15, 16. Саса 14.

- Оглас -

Најнови вести