Беше дел од тимот кога Челзи ја освои ЛШ, но трофејот не го пипна со прст

Ромелу Лукаку моментално важи за еден од најопасните голгетери во Европа, особено откако го облече дресот на Интер. Меѓутоа, кога пристигна во Челзи во 2011 година како 18-годишен тинејџер, Белгиецот не добиваше многу шанси да го покаже потенцијалот. Тој е еден од неколкуте таленти кои Сините лесно ги испуштија од раце.

Лукаку во сезоната 2011/12 дојде во Челзи напуштајќи го матичниот клуб Андерлехт за сума од 15 милиони евра, за првиот тим запиша скромни 12 настапи, во кои во главно влегуваше од клупата, меѓутоа не забележа минути во ниту еден од мечевите во Лигата на шампионите. Токму во таа сезона екипата од Лондон стигна до првата титула во ЛШ во клупската историја. Лукаку од трибини го проследи финалето против Баерн Минхен кое Челзи го доби на пенали, па затоа на прославата не се осмелил да го допре пехарот со големите уши.

„Бев дел од тимот, гледав како го остварија историскиот успех, меѓутоа не се осмелив да го допрам трофејот бидејќи немав никаков придонес во освојувањето. Не запишав ниту настап, уште помалку гол или асистенција, така што немав намера да бидам дел од нешто во што не сум учествувал“, истакна Лукаку.

Безуспешната авантура на „Стемфорд бриџ“ му траше кратко, па Лукаку се пронајде во Евертон од каде што заработи мултимилионски трансфер во Манчестер јунајтед, а сега е главна алка на Антонио Конте во Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести