Беше голем талент, но мораше да ја заврши кариерата само на 21 година

Младиот италијански фудбалер Дарио Скудери беше една голема надеж на Борусија Дортмунд. Дефанзивецот беше дел од младинската школа на Милионерите, но кога се очекуваше кариерата да му тргне во нагорна линија, се случи катастрофална повреда.

На дуел од младинската Лига на шампиони против Легија Варшава, Скудери заработи тешка повреда на коленото. Едноставно, за него веќе сè беше завршено и тоа уште пред да започне. Докторот Михаел Стробел, кој го оперираше Скудери, објасни дека тоа е најтешката повреда која ја има сретнато и дека тинејџерот никогаш повеќе нема да може да игра фудбал.

„Тоа беше најлошата повреда која можете да си ја замислите. Речиси сите мускули и тетиви беа искинати“, објасни професорот Стробел.

Процесот на закрепнување траеше речиси две години, а Скудери во август минатата година повторно заигра со топка. Се врати во вториот тим на Борусија Дортмунд, но сепак неговата среќа не траеше долго. Едноставно, повредата има оставено трајни последици и Скудери е принуден да стави крај на кариерата, иако неодамна наполни само 21 година.

„Воопшто не беше лесна одлука. Мојот сон беше да играм фудбал. Дадов сè од себе за да го остварам тоа. Се борев, имав понуди да ја продолжам кариерата, но…“, објасни Скудери, кој се плаши дека може повторно да има нова таква тешка повреда.

Додека Скудери беше на лекување, Борусија Дортмунд му ги плаќаше сите трошоци, но и школувањето во областа за спортски менаџмент. Челниците на германскиот тим најавија дека Дарио секогаш ќе биде дел од новното фудбалско семејство и сигурно ќе има работа за него во клубот на Милионерите.

 

- Оглас -

Најнови вести