Беше голема надеж на Сити, сега не може да најде клуб

Џек Родвел, Ннекогашниот фудбалер на Манчестер сити, во следниот период ќе тренира со тимот на Шефилд јунајтед, но неизвесно е дали ќе потпише договор со овој премиерлигаш. Родвел од јуни е слободен играч и не може да најде нов ангажман, иако пред два месеци го поврзуваа со тимот на Рома. Сега останува да се види дали ќе ги задоволи барањата на Шефилд, иако официјално не е на проба.

„Ова не е проба. Џек е тука неколку дена. Знаеме дека моментно е без клуб. Не е спорно дека има талент, посебно поради фактот во кои клубови има играно“, вели тренерот на Шефилд, Крис Вајлдер.

Родвел, кој сега има 28 години, во 2012 година од Евертон направи трансфер во Манчестер сити за сума од 15 милиони евра. Сепак, не го оправда епитетот на талент, па одигра само 25 меча и по две години си замина од Граѓаните. Потоа за 12,5 милиони евра потпиша за Сандерленд, а по четири години поминати во овој тим стана слободен играч. Потоа потпиша за Блекбурн, а по крајот на минатата сезона, стана слободен играч.

 

- Оглас -

Најнови вести