Беше голема желба на Барселона, но не можеше да ја одбие понудата од Саудиска Арабија

Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Јаник Караско, својата кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Тој долго се поврзуваше со трансфер во Барселона, која сакаше да го доведе во своите редови, но едноставно понудата од Саудиска Арабија беше многу подобра на финансиски план.

Репрезентативецот на Белгија кариерата ќе ја продолжи во Ал-Шабаб, клуб кој е дел од големата четворка во Саудиска Арабија, а висината на трансферот ќе изнесува околу 20 милиони евра.

Караско потекнува од Академијата на Генк, а во својата кариера освен за Атлетико Мадрид, настапуваше и за Монако и Далијан од Кина.

- Оглас -

Најнови вести