Лариса Рикелме беше една од девојките што го одбележаа Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Парагвајската манекенка се прослави со атрактивниот изглед и мобилниот телефон кој постојано го чуваше меѓу градите додека беше на трибините да навива за својата репрезентација.
Атрактивната Рикелме откри што се случило со телефонот со кој се прослави. „Тој мобилен одамна ми го украдоа кога бев во Рио де Жанеиро. Бев на плажа, го оставив мобилниот телефон, а јас влегов да се бањам. Кога се вратив, мобилниот го немаше“, откри Рикелме, која во шега додаде дека сега има многу помодерен телефон од тогаш.
Рикелме се стекна со светска популарност благодарение на присуството на Мундијалот во Јужна Африка. Постојано беше присутна на модни настани во земјата, стана глумица, беше дел од реално шоу, а беше дел и од многу други јавни настани.
„Сакам да работам по малку од сè. На тој начин секогаш имам предизвик да се обидам нешто ново и поинакво“, вели Рикелме, која има 1,8 милиони следбеници на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
По Мундијалот во 2010 година, Парагвај потоа не успеа да биде дел од завршницата во 2014, 2018 и сега во Катар. Рикелме не е оптимист дека во скоро време Парагвај повторно ќе биде на Мундијалите.
„Во Катар ќе навивам за Бразил и Аргентина. Сигурно дека веќе никогаш нема да бидам муза на СП, може да бидам само баба. Денеска имам 37 години и кој знае колку години ќе имам кога Парагвај повторно ќе учествува на некој Мундијал“, вели Лариса Рикелме, која сигурно многумина уште ја паметат од планетарниот собир пред 12 години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram