Беше ли Реал оштетен за пенал во судиското надополнување? (видео)

Реал Мадрид испушти златна шанса да избие на чело на табелата во Шпанија во последните три кола, а ремито од 2-2 со Севилја значи дека Атлетико има отворен пат да биде шампион.

Доста спорни ситуации вчера се посведочија на стадионот „Алфредо ди Стефано“, а Кралевите имаат право да бидат лути бидејќи арбитражата не изреагира во критичен момент, при водство на гостите од Андалузија.

Имено, врз Каземиро беше направен остар старт во шестнаесетникот од страна на Оскар (играч од школата на Реал), и тоа во судиското надополнување, односно две минути пред израмнувачкиот гол. Нафрлената топка ја прифати Боно, а Оскар сосема неспортски од позади подмолно му се пушти на бразилскиот фудбалер, а за оваа ситуација никој од арбитражата не реагираше.

https://streamable.com/sydzds

- Оглас -

Најнови вести