Беше на излезна врата, а сега му нудат нов договор

Челзи започна преговори со напаѓачот Оливие Жиру за продолжување на соработката, кому му истекува договорот ова лето. Иако светскиот првак во јануари беше на излезна врата, а Интер беше една од можните дестинации, сега Сините му нудат да остане на „Стемфорд бриџ“ уште една дополнителна сезона.

Правилото во клубот е сите играчи над 30 години дека може да потпишат едногодишни договори, па таква понуда има и за Жиру, но единствена пречка е што тој не сака да ја грее клупата. Пред прекинот на сезоната, главно Тами Абрахам имаше предност кај менаџерот Лампард да го предводи нападот на екипата, додека Жиру играше на помалку важните мечеви или, пак, влегуваше во финишот на натпреварите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести