Беше најдобар тројкаш во НБА, а сега чува овци: Градските деца ова нема да разберат

Предраг Стојаковиќ е еден од најдобрите играчи во Европа, кој во кариерата ги има освоено сите најзначајни трофеи. На репрезентативно ниво беше светски и европски првак со СР Југославија, а кариерата ја заврши како НБА шампион со Далас во 2011 година. Во НБА три пати беше дел од Ол-стар натпреварите, а два пати победуваше во натпреварите за тројка. Во Европа, беше најдобар стрелец во Евролигата, а во кариерата освоуваше уште многу други значајни награди.

Популарниот Пеѓа на својот Инстаграм профил покажа дека тој во овоие топли денови ужива на село, каде вози трактор и чува овци. Под фотографиите кои ги има објавено, Стојаковиќ напиша: Луѓето од градот ова нема да го разберат“.

 

- Оглас -

Најнови вести