Беше најголем талент на светскиот фудбал, а сега пропаѓа во трета лига (Видео)

Најголемиот фудбалски талент на светот, чудото од дете, како што го нарекуваа Хаким Мастур пред осум години, беше играч кој сакаа да го ангажираат многу големи и богати клубови, но денеска момчето има 22 години и игра за Карпи во третата италијанска лига.

Италијанецот со мароканско потекло не исполни ни мал дел од она што му се предвидуваше благодарение на талентот кој го имаше. Милан го купи за 500.000 евра, и тоа кога Мастур имаше само 14 години, а една и пол година подоцна, кога за тренер на првиот тим дојде Кларенс Сидорф, беше промовиран во сениорскиот тим на Милан. Ако заиграше за Росонерите на официјален меч, ќе станеше најмлад дебитант во историјата на Милан.

За талентот се лепеа спонзори, тој снимаше реклами, ја забавуваше публиката заедно со Нејмар и сето тоа уште пред да почне да игра на сениорско ниво.

Но, професионално деби за Милан не дочека никогаш. Го позајмуваа во Малага, Цволе, па се врати во Милан за да тренира со тимот, но не заигра и многумина сфатија дека нема ништо од Мастур.

Во 2018 година потпиша за грчка Ламија, но и таму не се прослави, се врати во Италија во матичниот клуб Реџина, а сега е на позајмица во третолигашот Карпи. Пред некој ден, во својот 27-ми меч во кариерата го даде првиот гол. За пет месеци ќе наполни 23 години, а кариерата не му е ни сенка на она што се очекуваше.

Ова се неговите егзибиции кои одамна ги изведуваше со Нејмар:

- Оглас -

Најнови вести