Беше нокаутиран на сред терен, а вели дека тоа му бил најдобриот ден во животот (Видео)

Џек Грилиш, капитенот на Астон вила, вчера беше во центарот на вниманието. За време на градското дерби против Бирмингам, Грилиш неочекувано беше нападнат од еден навивач на домашниот тим. По неполни 10 минути игра, хулиган на Бирмингам влезе на теренот и трчајќи се упати кон Грилиш. Капитенот на гостите беше свртен и воопшто не можеше да забележи дека некој му се доближува. Хулиганот со сета сила го удри Грилиш во главата, а играчот падна. Видеото од инцидентот може да го видите ТУКА.

Напаѓачот беше фатен и изнесен од теренот и веднаш доби доживотна забрана за влез на стадионите. За среќа, Грилиш не беше посериозно повреден и остана на теренот да го доигра мечот. Тој потег беше вистински бидејќи токму тој беше стрелец на единствениот погодок на мечот и радост за сите оние коишто навиваат за Астон вила.

„Во моментот кога се случи инцидентот со навивачот, не знаев што се случува. Мислам дека одев да изведам корнер, кога почувствував удар во лицето. Секако дека во фудбалот постои ривалство, но мислам дека на ваквите работи не им е местото во фудбалот. Јас само се обидував да ја работам мојата работа и мислам дека ја одработив. Дадов гол и освоивме три бода. Прославата на голот беше неверојатна. Дадов гол токму каде што беа нашите навивачи. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Дојдов на теренот како капитен на Астон вила и дадов гол за победа.Тоа е остварување на сонот“, рече Грилиш.

https://twitter.com/i/status/1104795675416506368

 

 

- Оглас -

Најнови вести