Беше поголем талент од Меси, но заврши како продавач на правосмукалки

Кога на само 14-годишна возраст дебитираше во првата американска лига, талентот роден во Гана, Фреди Аду, го нарекуваа нов Пеле, фудбалски Моцарт, доби милионски договор од „Најк“, сите веруваа дека ѕвездата е родена. Две години подоцна, на СП за играчи до 20 години, Аду играше против две години постариот Лионел Меси, и го засени. Но, во 2007 година, се случи кобниот трансфер на Аду во Бенфика.

Аду многу малку играше за португалскиот гигант, го позајмуваа на разни страни, од Монако до Ризерспор, па се врати во САД, тргна на пат околу светот, во Бразил, кратко и во српска Јагодина, па во Финска, Шведска, Полска, но никаде не успеа. Падна на тоа дека мора да рекламира правосмукалки по социјалните мрежи.

После серијата неуспешни фудбалски епизоди, Аду заврши во Лас Вегас лајтс, клуб кој беше формиран во 2018 година. Клубот има договор со едно култно казино, па играчите добиваа премии во вид на чипови за коцкање. Договорот беше ваков: на секој меч на кој тимот ќе даде барем три гола, играчите добиваат чип во вредност од 100 долари.

Си замина и од таму, сега Аду е без договор.

- Оглас -

Најнови вести