Беше прв пик на НБА-драфтот пред две години и важи за мегаталент, ама стана непрепознатлив (ФОТО)

Зајон Вилијамсон важи за еден од најголемите таленти кои треба допрва да се докажуваат во НБА-лигата.

Некогашниот играч на универзитетот Дјук во 2019 беше избран за прв пик на драфтот во НБА, и тоа од страна на Њу Орленс пеликанс.

До пред почетокот на оваа сезона, тој немаше никакви проблеми со повреди и можеше без проблем да се носи со останатите играчи во НБА, сепак, изминатото лето тој „нафрли“ уште малку килажа.

Поради тоа, неговите стапала не можат да го издржат притисокот и од почетокот на сезоната нема одиграно натпревар.

Во меѓувреме, според последните слики, се чини дека Зајон дополнително се здебели и сега, според некои проценки, тој тежи над 150 килограми и е непрепознатлив.

Најавено е дека до крајот на месецов тој треба да започне да игра, а останува да се види колку ќе му пречи оваа килажа да прикаже добри игри.

 

- Оглас -

Најнови вести