Беше резерва во француски второлигаш, а сега за шест дена стана првак на Африка и светот

Голманот Едуард Менди има турбулентни шест дена зад себе, но за негова среќа, периодов ќе го памети по убаво.

Прво со репрезентацијата на Сенегал за првпат стана африкански првак, финалето проти Египет го доби на пенали, а вечерва после 120-минутна драма со Челзи стана светски клупски првак.

Менди до 2021 година немаше освоено апсолутно ништо, а сега има Лига на шампиони, Супер куп на Европа, Африкански куп на нации и Светско клупско.

Овој 29-годишен Сенегалец пред неколку години не можеше ни да сонува вакви успеси, бидејќи додека беше во Ремс во француската втора лига, беше резервен голман.

- Оглас -

Најнови вести