Беше скаутиран против Македонија, а ги одби Реал, Барса и Интер само за да игра во Бундеслигата

Кога гиганти како Реал Мадрид, Барселона и Интер се заинтересирани за млад играч, тогаш јасно е дека тој е голем талент.

Таква е и приказната со младиот Карим Адејeми, кој игра фантастично во РБ Салцбург.

Јасно е дека тој ќе биде една од големите ѕвезди во иднина бидејќи сега има само 18 години.

Но, тој и неговиот агент ги одбиле понудите од горе напишаните три великани и имаат јасна цел, а тоа е да играат во Бундеслигата.

Младиот напаѓач кој беше скаутиран на арената „Тодор Проески“ на мечот меѓу Македонија и Германија е интересен и за Баерн Минхен и за Борусија Дортмунд.

Салцбург ги одби сите понуди и очекува нови, многу поголеми бидејќи на 18 средби има 14 голови во австриската Бундеслига и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести