Беше втор пик на драфтот во НБА, сега ќе игра во четврта лига во Србија

Во 2003 година Дарко Миличиќ беше избран за втор пик на драфтот во НБА-лигата и се очекуваше да биде голема кошаркарска ѕвезда. Сепак, наместо тоа, Миличиќ е еден од оние играчи кои брзо „згаснаа“. Никако не можеше да се снајде во НБА, а откако одигра само еден меч за Бостон, реши дека му е доста од кошарка и тоа само на 28 години.

Миличиќ сега најави дека ќе се врати во кошарката, и тоа како играч на тимот „I come to play“, кој се натпреварува во четвртата лига во Србија.

„Мило ми е што ќе можам да им помогнам на младите. Секако дека ќе се обидеме да направиме и добри резултати“, рече Миличиќ, кој кариерата ја започна во Хемофарм, а потоа има играно за Детроит, Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота и Бостон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести