Бешикташ гази, но дали е доцна за титула? (Видео)

Екипата на Бешикташ вечерва славеше на гостувањето кај Сивасспор со 2-1, а стрелец на победничкиот гол беше Бурак Јилмаз од слободен удар во 87-мата минута.

Бешикташ е во одлична победничка серија, тимот не знае за пораз во 2019 година, но на пет кола до крајот на сезоната има три бода помалку од ривалот Галатасарај, кој е втор, и шест бода минус во однос на лидерот Башакшехир, кого го победија неодамна. Дали „картал“ има задоцнет спринт во финишот или сепак може да биде првак, ќе се покаже во наредниот месец.

Погледнете ја мајсторијата на искусниот Јилмаз:

https://streamable.com/h2gbx

- Оглас -

Најнови вести