Бешикташ слави голема победа, во дербито на Истанбул имаше и карате удари (Видео)

Бешикташ умешно ја искористи предноста од играч повеќе на големото дерби против Галатасарај и со два гола во последните 15-на минути победи со 2:0.

Клучен момент се случи во 58. минута при резултат 0:0, кога гостинскиот шпиц Мбаје Диање со карате удар го погоди во главата Монтеро Рубио и веднаш беше исклучен.

Опасниот старт на Диање во дуелот со Монтеро можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа Бешикташ очекувано доминираше на теренот со играч повеќе и успеа да ја искористи предноста со головите на Џозеф и на Н`Куду, победи со 2:0 и со 38 бода се искачи на врвот на табелата.

Галатасарај остана на четвртото место со 33 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести