Бетис го моли Меси да не брза со закрепнувањето (фото)

Викендов се очекува Лионел Меси да се врати на терените по повредата на листот од десната нога. Барселона во недела го пречекува тимот на Бетис на „Камп ноу“ во рамките од второто коло, меч за кој што е најавен камбекот на Меси.

Во пресрет на тој дуел, одговорниот кој раководи со „Твитер“ профилот на Бетис реагираше на познатата социјална мрежа.

„Лео, немој да брзаш, нема потреба толку многу да се форсираш“, пишува во пораката на Бетис.

На тимот од Андалузија со сигурност ќе им одговара доколку еден од најдобрите фудбалери на сите времиња не игра против нив во недела. Инаку Бетис минатата сезона славеше на „Камп ноу“ со 4-3 во мечот кој беше означен како враќање на Меси на терените по повредата на лакотот.

- Оглас -

Најнови вести