Бетис вечерва не треба да се плаши само од Меси

Екипата на Бетис вечерва ќе се обиде да стане првиот тим кој двапати сезонава ја совладал Барселона, а дали „зелено-белите“ и на својот „Бенито Вилјамарин“ ќе го повторат подвигот од „Камп Ноу“, ќе зависи од тоа како ќе се одбранат од своите стари „душмани“.

Најголемо внимание одбраната на Бетис треба да насочи кон Лионел Меси, кој е најголема опасност за секој ривал на Барса, а и бројките го потврдуваат тоа. Меси против Бетис има дадено 20 гола.

Но, во редовите на каталонскиот гигант има уште двајца фудбалери од кои Бетис треба да стравува. Тоа се Луис Суарес и Иван Ракитиќ.

Уругваецот во дресот на Барселона, има гостувано на три меча на „Бенито Вилјамарин“, и постигна четири гола. Суарес не е ефикасен на гостувањата во Лигата на шампионите, но на овој стадион во Севилја му оди.

Ракитиќ е поранешен играч на Севилја, градскиот ривал на Бетис, и Хрватот секогаш е „запален“ кога игра против нив. Ракитиќ дава голови на две третини од гостувањата кај Бетис. Откако игра во шпанската лига, Ракитиќ најмногу голови има постигнато токму против Бетис.

- Оглас -

Најнови вести