Без Адис нема забава – Со познато мото Бодрумспор се пофали со ангажман на Јаховиќ (Фото)

Со познатото мото што го користеа и неговите претходни клубови во Турција „Без Адис нема забава“, македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ е промовиран како нов член на новиот турски второлигаш Бодрумспор.

Јаховиќ има одлична кариера во Турција и Бодрумспор ќе му биде петти клуб во оваа земја на 35-годишниот напаѓач.

Играше во два наврати за Ѓозтепе, потоа и за Коњаспор, Малатијаспор и Анталијаспор, откако претходно беше член и на Риека, Крилја Совјетов, Сараево, Вележ, Железничар, а кариерата ја почна во Напредок, па во Македонија Ѓорче Петров.

Во Турција ќе ја игра и седмата сезона по ред, а двапати беше бронзена копачка, најпрво со 19 гола за Коњаспор во сезоната 2017/18 и потоа со 17 погодоци комбинирано за Малатијаспор и Анталијаспор во 2019/20.

 

- Оглас -

Најнови вести