Без Аријан Адеми на првиот тренинг во Варшава

Македонскиот сениорски фудбалски национален тим во овие моменти во Варшава, го одржува својот прв тренинг во пресрет на гостувањето кај Полска во неделниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Селекторот Игор Ангеловски реши му даде одмор на Езџан Алиоски, кој според најавите, утре треба да почне со тренинзи, а поради повреда не тренираше Аријан Адеми. Адеми не се знае дали ќе може да игра на ова важно гостување. Веројатно утре ќе се знае дали играчот на Динамо Загреб ќе може да игра, или ќе треба да се бара некое друго решение за пополнување на средниот ред.

За разлика од мечот со Словенија, против Полска на располагање е и дефанзивецот Езгон Бејтулаи кој ја одлежа суспензијата. Полјаците имаат пет, а Австријците два бода повеќе од нашата репрезентација, па борбата за првите две места во групата е интересна, иако Полска со победа против нас, веќе би обезбедила пласман на завршницата, без да го чека ноемврискиот циклус.

- Оглас -

Најнови вести