Без капитените, ураганот од Каролина е слаб за шампионот на НХЛ

1616 Каролина хјурикејнс – Тампа Беј лајтнинг (НХЛ, 01 часот)

Каролина имаше многу проблеми во последните 10 дена и сите четири дуели од 18 јануари ѝ беа одложени поради позитивни тестови на шестмина хокеари.

Меѓу нив се капитенот Џордан Стал и неговите двајца заменици Џордан Мартинок и Јакоб Славин, што ќе биде голем хендикеп за домаќините. Ќе играат против шампионот без тројцата лидери на мразот, па се очекува победа на можниот тим на Тампа Беј.

Грмотевиците доаѓаат во Каролина по тешкиот пораз од Колумбус со 5:2, прв за нив во новата сезона, па ќе сакаат да се вратат на победничкиот колосек.

Каролина го игра првиот меч сезонава на домашен терен, паузираа 10 дена, имаат и големи кадровски победи, па двојката со коефициент 2.20 од СУПЕР ТИПОТ на Sport Life се чини дека е одличен избор за добитен тикет.

Предлог тип: 2 (2.20) Супер тип на Sport Life

 

8587 Колумбус блу џекетс – Флорида пантерс (НХЛ, 01 часот)

Ретко се случува две екипи во НХЛ да имаат толку нерешени дуели во регуларен дел како што е случајот со Колумбус и Флорида.

Блу џекетс дури трипати одиграа нерешено на вкупно 5 меча и сите ги загубија по продолженија или на пенали. Флорида има два од три со реми по регуларен дел и едниот од нив е токму против Колумбус, кога славеше со 5:4 на пенали.

Гостите немаат пораз во новата сезона, интересно е што Колумбус исто така нема пораз во регуларен дел од натпреварите со две победи и три нерешени, но сите три ги загуби во дополнителното време.

Овде некако сите коцки во мозаикот се склопени за нов маратонски меч, што ќе заврши без победник во регуларниот дел од трипати по 20 минути.

Предлог тип: Х (4.50)

 

8592 Далас старс – Детроит редвингс (НХЛ, 02.30 часот)

Ѕвездите од Далас ќе одат на поправен испит против Детроит редвингс, откако пред две ноќи славеа против истиот ривал, но по продолженија и загубија планиран бод.

За гостите, кои повторно лошо почнаа нов циклус во НХЛ, тоа беше петтиот бод од вкупно 7 меча, на кои имаат само една победа, и тоа по продолженија против Колумбус.

Далас во претходниот циклус играше финале за титулата против Тампа беј, загуби со 2:4 во завршната серија, па амбициите повторно се големи во обид можеби и да се освои пехарот во Стенли купот.

Домаќините имаат многу поквалитетна екипа од Детроит и единицата е одличен избор.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

8417 Демиен Лилард (НБА, Хјустон рокитс – Портланд трејлблејзерс, 01.30 часот)

Лилард е трет најдобар стрелец сезонава во НБА-лигата со просек од 28,7 поени, што е импресивен учинок за еден од најдобрите бекови во најсилната лига на светот.

Играта на Хјустон, екипа што инсистира на брзи напади и многу кошеви, апсолутно му одговара на Лилард и против Ракетите постојано е ефикасен, често со 30+ поени.

За Портланд одреден период не игра Си-Џеј Меколум, кој е втората ѕвезда во тимот, па сега на Лилард паѓа дополнителен товар во нападот.

Демиен е расен стрелец и ако влезе во серија е незапирлив, па ќе типуваме дека ноќеска против Хјустон ќе биде разгиран и дека ќе постигне над 32 поени.

Предлог тип: >32.5 поени (1.72)

 

8393 Детроит пистонс -Лос Анџелес лејкерс (НБА, 02 часот)

Лос Анџелес е актуелен шампион во НБА-лигата, игра добро и на стартот на новата сезона и има биланс од 14-5, но во последно време не минува добро на гостувањата кај Детроит.

Пистонс победуваа на 4 меча по ред кога играа против големиот ривал во својата арена. Ривалитетот на овие две екипи го нема духот од 80-те и 90-те години на минатиот век, кога имаше епски дуели и за титулата, но сепак и за Детроит и за Лејкерс победите во овие мечеви се многу значајни.

Гостите секако имаат поквалитетен тим, ноќеска се и големи фаворити, но и Детроит си има свои сметки. Ќе бидат посебно мотивирани против ѕвездениот тим на ривалот предводен од Џејмс и Дејвис, а поттик ќе им даде и одличната традиција во меѓусебните дуели кога играат дома.

Типуваме дека Пистонс нема да загубат со повеќе од 12 поени разлика во дербито на програмата со четири НБА-дуели ноќеска.

Предлог тип: 2 со хендикеп од 12.5 поени (1.58)

 

- Оглас -

Најнови вести