Без спорт во Лос Анџелес до 2021 година?

Реномираниот американски медиум открива дека во Лос Анџелес ќе биде забрането собирање на маса луѓе до крајот на 2020 година, што може да влијае врз спортските колективи во градот. Имено, „Њујорк тајмс“ стигна до информации дека градоначалникот Ерик Гарсети размислува за оваа опција и можно е да не се одржуваат спортски настани до почетокот од 2021 година.

Портпаролот на општината тврди дека засега не е донесена конечна одлука, но се разгледува опцијата. Акцент секако се става на интересот на граѓаните, како и спортските тимови, а Градот на Ангелите е дом на два НБА-тима, два НФЛ, два клуба од МЛС-лигата, хокеј и бејзбол.

Пандемијата со корона-вирусот прави раздор во САД, досега се потврдени повеќе од 640.000 случаи на заразени, додека над 28.000 загубија во битката против опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести