Безопасни се – Најдобриот стрелец на Гибралтар има само четири гола и неуспешна авантура во Манчестер јунајтед

Лијам Вокер моментно е убедливо најдобриот и најопасен играч на Гибралтар, а стрелецот на голот за сензација против Бугарија и реми 1:1 пред шест дена е и топ-голгетер на една од најскромните селекции во Европа.

Вокер има постигнато само четири гола за националниот тим што ни е следен ривал во Лигата на Нации, утре во Скопје, но и тоа е доволно да биде најдобар стрелец во историјата на Гибралтар.

Шпицот на Гибралтар има 34 години и е и со најмногу настапи за оваа селекција, точно 62, па е лидер во двете најважни категории, кај нашиот следен гостин.

Има интересна фудбалска историја и неуспешен обид да биде член на Манчестер јунајтед.

Пред петнаесеттина години беше на проба кај англискиот гигант, но не успеа, а ист обид да се наметне во клубови од Премиерлигата имаше и во Евертон и Астон Вила. а и тие не видоа доволен квалитет за да го ангажираат.

Сепак упорноста да игра во Англија му се исплатеше и беше член на Портсмут и на Нотс Каунти.

Сега игра за Линколн Ред Импс, клубот рекордер во Гибралтар со 24 титули. На првиот меч со Македонија во овој циклус на Лигата на Нации речиси и не дојде до нашиот гол во поразот од 0:2 на петти јуни, а досега имаме три победи во три меча со гол-разлика 8:0.

Утре ќе треба да се внимава на него, иако Македонија е апсолутен фаворит и очекува сигурен триумф на мечот што ќе се игра од 18 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести