Биелса не сака веќе да ги мачи Алиоски и Далас

Марсело Биелса одлучи веќе да не ги мачи Езџан Алиоски и Стјуарт Далас на позицијата лев бек и да тргне посериозно во поход на засилување за сезоната што следи и во која Лидс ќе има многу посериозен предизвик.

Аргентинецот мајсторски комбинираше, иако немаше класичен лев бек, па мораа да играат и Алиоски и Далас во поголем дел од веќе завршената сезона, што му донесе пласман во Премиерлигата на Лидс по цели 16 години.

Но, сега веќе место за импровизации ќе нема, бидејќи предизвикот во една од најсилните лиги на светот е навистина тежок, па Биелса бара трајно и квалитетно решение за лев бек.

Алиоски и Далас играат на истата страна, но многу повеќе им одговара кога имаат офанзивни задачи како леви крила, отколку како бекови во дефанзивата.

На мета на новиот премиерлигаш е хрватскиот репрезентативец Борна Баришиќ, кој одигра одлична сезона во Шкотска во дресот на гигантот Глазгив Ренџерс.

Проблем е што 27-годишниот лев бек има актуелен договор со Глазгов ренџерс до 2024 година, а шкотскиот клуб направи одлична зделка кога го купи од Осиек пред две години за сума од 2.5 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести