Бјелса се враќа на клупата и тоа како селектор на двократен светски првак

Еден од најдобрите аргентински тренери, Марсело Бјелса, се очекува за скоро време повторно да се врати како предводник, и тоа на еден национален тим. Според најавите, Бјелса ќе биде нов селектор на Уругвај и ќе го предводи некогашниот двократен светски првак до крајот на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Доколку успее да го одведе Уругвај на завршицата на Мундијалот, договорот ќе му биде продолжен.

Бјелса има 40-годишна тренерска кариера. Во далечната 1982 година започна во Њуел олд бојс, потоа ги има предводено екипите на Атлас, Велес Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, Лацио, Лил и Лидс.

Освен клупската тренерска кариера, има и богата селекторска кариера. Шест години беше предводник на Аргентина, а четири години беше селектор и на Чиле. Сега Уругвај е неговиот нов предизвик.

- Оглас -

Најнови вести