Биковите од Торино имаат заразен играч со ковид-19, веднаш е испратен во карантин

Фудбалскиот клуб Торино објави дека еден играч имал позитивен тест на корона-вирусот и веднаш е испратен во карантин. Во денот во кој од истиот град пристигна добра вест дека Пауло Дибала, фудбалерот на Јувентус, конечно нема симпотими на ковид-19 на петтиот тест што му беше направен, стигна поинаква вест од ривалскиот табор.

Денеска беше ден за тестирање на фудбалерите во Серија А, а Торино го испочитува кодексот и приватноста на играчот што има асимптомски симптоми и не го објави со име и презиме.

Среда беше означен како ден за поечток на индивидуалните тренинзи на фудбалерите во Италија, но и за задолжително тестирање, а 18 мај е означен како термин за комплетно враќање на тренинзи на фудбалските комплески на клубовите.

Потоа ќе биде скенирана целата ситуација и ќе се донесе одлука кога ќе продолжи еден од најдобрите пет шампионати во Европа.

Италијанците се надеваат дека фудбал ќе има од јуни и дека Серија А ќе заврши до јули со доигрување на преостанатите 12 кола.

До прекинот на шампионатот во март, Јувентус е лидер со 63 бода, пред Лацио со еден бод помалку и Интер, кој заостанува за девет бодови, но и има меч повеќе за доигрување. Аталанта е четврта со 48 бода и 13 натпревари до крај, со што ја заокружува групата од четири тима кои се најсериозни кандидати за настап во Лигата на шампионите идната сезона.

Во Италија играат тројца македонски репрезентативци предводени од капитенот на нашата селекција Горан Пандев, кој ќе бие битка за опстанок со Џенова.

Во Удинезе игра Илија Несторовски, а и тимот од Удине го чека неизвесна битка за продолжување на прволигашкиот статус. Најдобро стои Елиф Елмас бидејќи Наполи е на шестата позиција со реални шанси за настап во Лигата на Европа следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести