Дефанзивецот Шон Регет е еден од четворицата играчи на англискиот третолигаш Портсмут кои се заразени со коронавирусот. За присуството на вирусот во неговиот организам дознал пред два дена, но загржижува фактот што Регет се наоѓал во бар во Гилингем кога ги дознал резултатите од тестирањето.
На тој начин Англичанецот ги загрозил сите кои биле присутни во барот бидејќи многу лесно можел да го пренесе вирусот. Регет сега се наоѓа во карантин каде што се лекува иако симптомите не се појавиле во период кога се потврдило дека е заразен, додека Портсмут чека резултати за уште десетина членови на екипата.