Билбао е во мислите на Зидан, за Аталанта има време

Фудбалерите на Реал Мадрид се полни со самодоверба по триумфот во градското дерби против Атлетико, но веќе утре ги очекува нов тежок предизвик на домашен терен, дуел против Атлетик Билбао.

Кралевите во меѓувреме денес ја добија Атланта за противник во осминафиналето во ЛШ, меѓутоа тренерот Зинедин Зидан е фокусиран на следната задача, па околу двомечот со Божицата немаше многу што да каже.

„Аталанта е противник кој максимално го почитуваме, тоа ќе бидат натпревари против нов противник во кои ќе мора да го покажеме нашиот квалитет. Сепак, февруари е далеку, она што сега е важно е задачата пред нас. Играме против доста незгоден противник, но ние планираме да ја одржиме добрата форма и да освоиме нови бодови“, посочи Зидан.

Реал со евентуален триумф против Баскијците, може да се израмни со Сосиедад и Атлетико по бројот на бодови на врвот на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести