Билбао немаше победа од 1 декември, па добија два пенали за да го прекинат постот

Атлетик Билбао ја прекина серијата од 10 лигашки натпревари без победа. Совладан е Вилјареал со 1-0, со гол на Раул Гарсија од пенал, а баскијците имаа прилика да го зголемат водството и порано да го одлучат победникот, но вториот пенал кој им го додели судијата не го реализираше Ињаки Вилијамс.

Раул Гарсија кој има пет голови од пет изведени пенали сезонава, беше во игра и тогаш, но беше решено да му се даде шанса на црномурестиот фудбалер кој не ја оправда довербата и го утна ударот од белата точка. Ињиго Мартинез дојде до својата 100-та победа во шпанскиот шампионат.

Вилјареал на 24 февруари 2019 година за последен пат остана без постигнат гол на едно гостување. Тогаш гостуваа во Билбао, а еве после една година редовно тресење на мрежите на тимовите на кои им гостуваа, Вилјареал пак не успеа да погоди во Билбао.

- Оглас -

Најнови вести