Билет од деби-мечот на Џордан продаден за речиси 25.000 долари

Да се поседува било каква меморабилија од Мајкл Џордан е посебно за богатите фанатици на кошаркарка. Пред извесно време анонимен купувач преку аукција ги купи носените „Џорданки“ со кои Мајкл настапувал на натпреварите за неверојатни 560.000 долари, а сега исто така преку аукција се продаде билет од неговиот деби-меч во НБА лигата.

Билетот од мечот меѓу Чикаго булс и Вашингтон булетс кој се одигра на 26 октомври 1984 година, во кој Џордан за првпат се појави пред НБА публиката е продаден за 24,907 долари. Единствено поскапо продаден билет бил од првиот настап на Џордан за Чикаго во претсезоната, кој на аукција достигна цена до 34.800 долари.

- Оглас -

Најнови вести