Sвездата на Франција најавува: „Одиме на СП да ги победиме сите и да го освоиме трофејот“

Репрезентацијата на Франција имаше лоша најава за учеството на Светското првенство откако на првиот пријателски меч загуби со 1-2 од Брегот на Слоновата Коска пред својата публика.

Сепак, и покрај поразот, ѕвездата на Манчестер сити и репрезентативец на Франција е оптимист и најавува дека во Северна Америка патуваат да го освојат трофејот.

„Поразот е мало предупредување, но ќе ни помогне да останеме максимално фокусирани. Нема да одиме на Светското првенство како фаворити, туку за да ги победиме сите“, порача Шерки.

Франција важи за еден од фаворитите за освојување на Мундијалот, а до синоќа беше и прва на ранг-листата на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести