Билиќ е главен противкандидат на Мурињо за клупата на голем клуб

Славен Билиќ е главен фаворит за преземање на тренерската позиција во шкотскиот Селтик, а малку помали шанси му се даваат на Жозе Мурињо. Во британските обложувалници, квотата на 50-годишниот Билиќ е 10, а за 56-годишниот Португалец е 12.

Мурињо е тренер со две титули во Лигата на шампионите, една во Лигата на Европа, две титули во италијанската и португалската лига, во англиското првенство има три трофеи, бил и најдобар светски тренер на годината во изборот на ФИФА. Билиќ нема никаков трофеј, но во битката за преземање на позицијата во Селтик е благ фаворит.

Селтик е клуб со голема традиција и углед, а за негов тренер бараат енергичен, страстен, како што се навивачите на „зелено-белите“. И Билиќ и Мурињо се одлични решенија, па клубот нема да погреши ако ангажира некого од нив двајца.

- Оглас -

Најнови вести