Билиќ остана без работа, но побогат е за 15,5 милиони долари

Славен Билиќ од пред некој ден не е тренер на клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад, но поради предвременото раскинување на договорот, хрватскиот стручњак ќе добие 15,5 милиони долари. Билиќ во Ал-Итихад се задржа помалку од половина година. Клубот вложи многу средства, но успеа да се помести од зоната на испаѓање, па Саудијците решија да најдат друг тренер.

Иако остана без работа, Билиќ веројатно нема да жали премногу бидејќи на неговата банкарска сметка ќе легнат 15,5 милиони долари. Месечната плата на Билиќ му беше 500.000 долари, а имаше тригодишен договор, па сите пари кои требаше да ги земе во тие преостанати 31 месец, според клаузулата, ќе му бидат исплатени откако доби предвремен отказ.

- Оглас -

Најнови вести