Бисерот на Рома тренира по четири месеци пауза (видео)

Точно пред четири месеци Николо Ѕаниоло се здоби со тешката повреда на коленото во дуелот против Јувентус, но офанзивецот на Рома потполно ја надмина повредата и почна да тренира. Му се предвидуваше пауза до крајот на сезоната, но со оглед на тоа дека таа се прекина принудно поради пандемијата со корона-вирусот, му овозможи на Ѕаниоло да работи на камбекот.

На 13 јануари Ѕаниоло ги скина вкрстените лигаменти од десното колено во мечот против италијанскиот првак и беше голема загуба за тимот на Фонсека, ако се знае дека младиот Италијанец е еден од клучните играчи на Волчицата.

Ѕаниоло преку својот инстаграм-профил објави видео како тренира со натпис „Се вратив“, како најава дека е подготвен во пресрет на рестартирањето на сезоната во Серија А.

https://www.instagram.com/p/CAHpnd2qbQE/?igshid=18y955s179o6h

- Оглас -

Најнови вести